Македонците во Албанија: Илинден не е само спомен. Тој е пламен што не гасне – ниту под притисоци, ниту под закани. Тој е крвта што чука во срцето на секој Македонец.
Македонците кои живеат во Албанија, испратија честитка по повод чествувањето на празникот Илинден.
-На овој ден, се поклонуваме пред сите херои кои се жртвуваа за македонската слобода, и ги повикуваме сите Македонци на единство, истрајност и решителна заштита на нашиот национален идентитет. Нека е честит и вековит Илинден! Да живее македонскиот народ! Да живеат Македонците во Албанија, се наведува во честитката на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ.
Македонското друштво „Преспа“-Пустец, во честитката наведува дека „Илинден е нашиот завет на достоинство, крвта што чука во срцето на секој Македонец“.
-Од Крушево до денес, нашите херои ни оставија обврска – да останеме исправени, горди и единствени, каде и да сме. Илинден не е само спомен. Тој е пламен што не гасне – ниту под притисоци, ниту под закани. Тој е крвта што чука во срцето на секој Македонец. Честит Илинден – да живее Македонија и нашата непокорна љубов кон неа“, стои во честитката потпишана од Едмонд Темелко, претседател на друштвото.
Честит и вековит Илинден, најголемиот македонски празник го честиташе и македонското друштво „Илинден“ Тирана, порачувајќи „Да го почитуваме и славиме овој голем ден во чест на Илинденско востание од 1903 и големиот Илинден 1944 година“, при тоа објавува и фотографија од излет на Македонците во Тирана во 1937 година.
Честитка упати и Панди Јани, познат активист за правата на Македонците и локален лидер на Партијата на слободата за Пустец.
-Денес се сеќаваме на храбрите борци и револуционери кои се бореа за нашиот идентитет, култура и слобода. Нека овој ден не потсети на значењето на нашата историја и на нашиот заеднички стремеж за подобра иднина. Честит и вековит Илинден. Да продолжиме да го негуваме и зачувуваме она што нашите предци го извојуваа со толкава пожртвуваност и љубов кон татковината, стои во честитката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…
ТРАМП СВИКА ВОНРЕДЕН БЕЗБЕДНОСЕН СОСТАНОК: Во Белата…
Американскиот претседател Доналд Трамп одржува специјален безбедносен…
ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА МОЖЕН НУКЛЕАРЕН ИНЦИДЕНТ…
Иракските власти ги засилија мерките за нуклеарна…
„Фајненшл тајмс“: Русија договорила испорака на 90…
Русија се согласила да му испорача на…
Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…