Македонците во Албанија традиционално го прославија Велигден
Најголемиот христијански празник Воскресението Христово – Велигден беше одбележан насекаде низ Албанија каде живеат православни Македонци, како во Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник и во поголемите градови Тирана, Корча, Подградец, Елбасан, Драч и други градови.
На Велигден, Македонци во Албанија славеа со своите најблиски, во домашна атмосфера и со богата трпеза, додека прославата на празникот започна на Велики четврток уште пред изгрејсонце кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца.
Во чест на Воскресението Христово – Велигден во Мала Преспа, богослужба на македонски јазик во црквите во деветте села на општина Пустец, одржаа отец Алексо Темелко и Ропи Арѓири, додека Македонците во духот на православието и македонските обичаи и традиции си разменија желби за здравје, среќа и благосостојба.
Како и секоја година и ова година за Велигден, Македонците од Албанија кој се во емиграција, се вратија во своите родни места и заедно со своите најблиски го прославија Воскресението Христово – Велигден.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шпанија во жалост: 69 загинати во судир…
Бројот на загинати во железничката несреќа во…
Студентската листа бара оставки и пријавување на…
Претставници на Студентската листа и на студентите…
Брнабиќ: Претседателските избори ќе ги распишеме до…
Потпретседателката на Главниот одбор на Српската напредна…
(Видео) Масовни протести во Италија: Десетици илјади…
Инспирирани од бранот слични протести низ остатокот…
Карни: Канада ќе учествува во заемот на…
Канадскиот премиер Марк Карни денеска изјави дека…