Македонците во Пустец оддадоа почит на загинатите во трагедијата во Кочани

t

Македонците во општина Пустец денеска им оддадоа почит на трагично загинатите во трагедијата во Кочани.

Општинската администрација, наставниците и учениците од гимназијата и партијата Македонска алијанса за европска интеграција(МАЕИ) со едноминутно молчење изразија почит кон жртвите.

На плоштадот „Гоце Делчев”, пред црквата Свети Архангел и Михаил жителите на Пустец запалија свеќи во знак на почит, а свештеникот Алекс Темелко се помоли за покој на душите на загинатите и здравје и брзо закрепнување на повредените.

„Со искрена болка изразуваме сочувство до семејствата на загинатите. Бог да ги прости и да им подари вечен мир во Царството Небесно. Македонците од Албанија се молат за душите на загинатите и за брзо закрепнување на повредените. Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со Кочани. Нека почиваат во мир“, рече отец Темелко.

Заедно со Македонците почит на загинатите во несреќата во Кочани им оддаде и Васил Стерјовски, претседател на МАЕИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…

Единицата за насилен криминал – Одделение за…

Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…

Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…

Порше ѝ го продаде својот удел во…

Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…

Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…

Украина и Канада денеска потпишаа голем број…

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…