Македонците го креваат гласот за правда! Македонско здружение поднесе претставка против Бугарија во ЕК!

t

Здружението „Македонски клуб за етничка толеранција“, кое бугарските судски власти го забранија, поднесе претставка против Бугарија до Европската комисија, за повреда на правото на здружување. Оттаму очекуваат позитивен извештај од Комисијата за нивниот случај, по што официјална Софија, како што велат, би била задолжена да исплаќа сериозни парични казни. Ова здружение, кое стои зад отворањето на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград, претходно има добиено пресуда против Бугарија во Судот во Стразбур, но сега најавија дека правда ќе бараат во европските институции во Брисел, пренесува “Алсат”.

– „Европската комисија може да наметне парични казни, кои треба да ги плати државата-членка, но во исто време да поднесе и нова тужба пред Европскиот суд, каде што и самиот суд во пресуда може да наметне уште поголеми парични казни, кои претставуваат финансиско оптоварување и всушност присилба на Бугарија во ситуацијава да постапи во согласност со извештајот на Европската комисија“, рече Благоја Пандовски – адвокат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

18-километарска колона од камиони на бугарскиот граничен…

Втор ден сообраќајот околу граничниот премин „Капитан…

(Видео) Луѓе се затворија во кафез пред…

Протестна акција, во која доброволци деноноќно ќе…

Радев: Целосно забрануваме рекламирање на игри на…

„Воведуваме целосна забрана за рекламирање на игри…

Бугарија врати над два тони кисело млеко…

Бугарските власти не дозволиле влез на пратка…

Радев најави американски инвестиции во Бугарија за…

„Го прекинавме влијанието на олигархијата врз власта.…