Македонците го одбележаа Преображение во црквата во село Ербеле, Албанија

t

Македонците по потекло од  селото Ербеле, областа Поле или Долни Дебар, Албанија, кое се наоѓа во близина на македонската граница кај Дебар, продолжија со традицијата во одбележувањето на големиот христиjански празник Преображение.

Празникот е патрон на селската црква  „Свето Преображение”, која датира од 12 век.

– На овој празник традиционално уште од синоќа се собираме Македонците по потекло од Ербеле и Горно Крчишта, а кои денес живеат во Тирана, Драч, Елбасан, Пешкипеја, Маќелара, како и во Македонија. Одбележувањето продолжи и денеска со заедничка трпеза, песни и ора, и споделување спомени за некои времиња кога тука живееле голем број македонски семејства – рече за МИА Ернест Постоли.

Семејството Постоли е едно од неколкуте македонски семејства кои останале тука и тоа се грижи за овој божји храм.

-Постои легенда од пред повеќе години според која, нешто огнено и црвено секој 18-ти август се спушта од црквата која што се наоѓа на врвот на планината Крчин, на самата македонско-албанската граница и оди право во црквата „Свето Преображение”. Црквата на Крчин од која се останати само темелите, буквално минува на средина на црквата, па дел е на македонска дел на албанска територија – додава Постоли.

Според жителите на ова село секој празник во оваа црква доаѓале не само православни, туку и муслимани кои спијат внатре во црквата и се молат за излекување од разни болести, затоа што оваа црква се верува дека има исцелителна моќ.

Не е тајна, додаваат многу од оние кои тука престојувале и се излекувани.

Црквата „Свето Преображение” во 1973 година е прогласена за споменик на културата. Во 2018 година  Бигорската свештена Обител и  даруваше на оваа црква 12 икони. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рама ја исклучи можноста за оставка, повика…

Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги повика…

Осомничен за убиство во Македонија, турски државјанин…

31-годишен турски државјанин, кој бил баран со…

(Видео) Нова тепачка во албанскиот парламент: пратеници…

Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа…

Рама најави построги казни за протестите во…

Албанскиот премиер Еди Рама најави пакет законски…

Рама повторно повикува на дијалог: Подготвен сум…

Албанскиот премиер Еди Рама денес повторно повика…