Македонците како посебен народ во учебниците во Србија пред 152 години

t

МАКЕДОНЦИТЕ КАКО ПОСЕБЕН НАРОД ВО УЧЕБНИЦИТЕ ВО СРБИЈА ПРЕД ЦЕЛИ 152 ГОДИНИ-ПРЕД СТОЈАН НОВАКОВИЌ ДА Е ВЛЕЗЕН ВО ВИСОКАТА ПОЛИТИКАТА И 15 ГОДИНИ ПОДОЦНА ДА ГО АФИРМИРА МАКЕДОНИЗМОТ КАКО ПОЛИТИКА – Фејсбук објава на поранешниот премиер Никола Груевски.

Деновиве на една приватна ФБ страна се појавија фотографии од српски учебници по географија од 1871 и 1872 година во која јасно се гледа дека во официјалните учебници, учениците во кнежевството Србија учеле кои народи живеат на Балканот во османлиската империја и таму се наведени покрај Србите и Бугарите, и Македонците како посебен народ, и тоа од Шар Планина до егејското море.

Ова е тој линк.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2326563821068118&id=100011435686050&wtsid=rdr_0gM75M0hNQCXhej2d&refsrc=deprecated&_rdr

Подоцна оваа статија беше превземена и од некои македонски портали.

Познавајќи ги нивните ставови, заговорниците на теоријата дека пред 1944 година немало Македонци туку сите биле Бугари, на ова веднаш би одговориле дека тоа е “српско масло” и веднаш би го спомнале Стојан Новаковиќ (1842-1915) кој ја протежирал тезата за македонизмот.

Запис за употребата на терминот „македонизам“ може да се најде во извештајот на српскиот политичар српски државник, премиер, министер за образование, дипломат, историчар, хералдист, филолог, критичар, писател и академик Стојан Новаковиќ од 1887 година.

Тој предложил да се користи македонската идеологија како средство за спротивставување на бугарското влијание во Македонија, а со тоа да се промовираат српските интереси во регионот.

Дипломатската активност на Новаковиќ во Истанбул и Петроград одиграла значајна улога во реализацијата на неговите идеи, особено преку „Српско-македонското друштво“ што било формирано во Истанбул и преку неговата поддршка за македонската наука во Петроград.

Таа геополитика на Србите очигледно одиграла улога во етногенезата афирмирајки ја посебната македонска свест во време на една силна бугарска пропаганда чија крајна цел била асимилација на Македонците во Бугари, и секако србскиот политичар тоа го гледал и спроведувал исклучиво преку призмата на интересот на неговата земја Србија.

Но, во случајот станува збор за учебници објавени во 1872 година, а подготвувани веројатно една до две години наназад.

Во тоа време Стојан Новаковиќ е на возраст од 30 години и нема никаква политичка функција. Тој е библиотекар, поточно директор на народната библиотека во Србија, и е професор на високата школа од која подоцна произлегол белградскиот универзитет. Тој немал сериозно политичко влијание во тоа време.

Како политичар извршувал повеќе високи државни функции и бил лидер на Српската напредна странка. Бил претседател на Министерскиот совет (премиер) на Кралството Србија во два наврати (1895-1896, 1909), а бил и министер во повеќе ресори во неколку влади.

Во неговата биографија за тоа време кога се печатени овие учебници стои:

“…По краткиот стаж во државната управа, Новаковиќ во 1865 година бил назначен за гимназиски учител во Белград, а на крајот на истата година бил избран за редовен член на Српското учено друштво. Новаковиќ станал библиотекар во Националната библиотека во 1869 година. На таа функција останал до 1873 година, а во меѓувреме, во 1871 година, станал професор на Големата школа во Белград.

Пролетта 1873 година за прв пат бил назначен за министер за просвета и црковни работи, во либералната влада на Јован Ристиќ. Истата должност ја извршува уште во два наврати (1874-1875 и 1880-1883), во конзервативни и прогресивни влади…”

Така што, учебниците во кнежевството Србија од 1872 година (автономија во рамките на османлиската империја), се печатени пред точно 152 години од денес, две години пред раѓањето на Гоце Делчев, 21 година пред формирањето на ВМРО (МРО), 31 година пред илинденското востание, 62 години пред резолуцијата на коминтерната како службен политички документ, кој некои го сметаат како таков со кој првпат во историјата влијателната меѓународна организација признала постоењето на македонска нација, македонска национална свест и македонски јазик, и 72 години пред одржувањето на првото заседание на АСНОМ во 1944 година кога е создадена македонската државност.

Овие учебници се издадени во време кога српската политика сеуште немала концепт за афирмација на македонизмот.

Тоа е време кога младиот Стојан Новаковиќ се уште не бил дел од државната политика на кнежевството Србија.

Тоа се случува една година пред да стане министер, 15 години пред да ги напише неговите записи во 1887 година поврзани со афирмација на македонизмот како обмислена стратегија на Србија, одкако претходно три пати бил именуван за министер за образование.

Тие записи ги прави во време на својата дипломатска кариера во Цариград (1885-1892), пред неговото враќање во Србија кога прв пат станал и премиер(1895-96), веќе во време на стекната независност на Србија во 1878 година, кога таа не е веќе кнежевство туку Кралство, почнувајќи од 1880 година.

Заклучок е дека пред 152 години било јасно и тоа се учело во учебници дека Македонците се посебен народ од Србите и Бугарите и дека тоа не било некаква обмислена државна политика на Србија, туку отсликување на реалноста на теренот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

Македонците како посебен народ во учебниците во…

МАКЕДОНЦИТЕ КАКО ПОСЕБЕН НАРОД ВО УЧЕБНИЦИТЕ ВО…

Пендаровски им одговори на Бугарите: Постоењето на…

Претседателот Стево Пендаровски смета дека е потребна…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

БРАВО МАКЕДОНЦИ! Во центарот на Пустец ќе…

Советот на општина Пустец, ја поддржа иницијатвата…