Македонците не се најголеми љубители на алкохол во светот, еве кои се победниците за кои многумина не ни слушнале дека постојат

t

Според СЗО, Европа има најголема потрошувачка на алкохол по глава на жител од сите континенти во светот.

Според податоците собрани од Централната разузнавачка агенција (ЦИА), врз основа на информациите од 2019 година, кои ја анализирале потрошувачката на алкохолни пијалаци во светот во 189 земји, „светски шампиони“ се – жителите на Куковите Острови! Mакедонците не се ни блиску до листата, ниту по место, ниту по количина на пијалаци.

Куковите острови – група острови во јужниот дел на Пацификот се на врвот на листата со просечна потрошувачка од речиси 13 литри алкохол по глава на жител годишно – што е повеќе од 100 чаши вино. Овие острови се самоуправна нација во Jужниот Пацифик, на речиси 2.400 милји од Нов Зеланд, составена од 15 острови.

Целата нација има околу 17.500 луѓе, а нејзината економија е фокусирана на туризмот. Податоците на ЦИА велат дека повеќе од половина од алкохолот што го консумираат жителите на овој остров се жестоки пијалаци, како вотка, виски, џин и рум. Во посебен извештај од Министерството за здравство на Куковите Острови и СЗО покажал дека речиси половина од испитаниците на Куковите Острови пиеле алкохол во изминатите 30 дена.

Употребата на алкохол била почеста кај мажите, кои сочинувале 57%, во однос на жените – 37%. Истражувачите забележале и дека во една прилика каде се консумирале алкохоли, мажите пиеле 9,5% стандардни пијалаци, додека жените 6,3%. Србите се на 55. место на оваа листа, додека Русите, изумителите и воедно најголемите консументи на вотка, верувале или не, се само едно место подолу од нив.

Што се однесува до „браќата“ од поранешната Југословенска Република, Словенците се на 10. место со 11,05 литри алкохол по глава на жител годишно, а под нив Црногорците (23 место/9,91 литар), Хрватите (25/9,64), Босанците (80/5,46), додека ние го заземаме последното место меѓу земјите од поранешната држава (90/3,90).

Од друга страна, во однос на другите земји од регионот, далеку пред нас во овој „спорт“ се Бугарите (9/11,8) и Романците (14/10,79).

Интересно е што пред Македонците на оваа листа се некои многу побогати и поразвиени земји, како Франција, Луксембург, Ирска, Шпанија, Германија, Португалија, Велика Британија, Австралја, Швајцарија, Нов Зеланд, Данска, Белгија, САД …

На самото дно, со 0,00 литри алкохол по глава на жител годишно, очекувано, се земјите каде што тој е забранет од верски причини и каде за негово консумирање би следеле строги казни: Бангладеш, Кувајт, Мавританија, Саудиска Арабија и Сомалија.

Податоците биле собрани како дел од „Светската книга за факти“ на ЦИА, референтна база на податоци која обезбедува детални демографски информации за 266 земји. Интересно е што во редовите на шампионите од Куковите Острови, приближно половина од постарите од 18 години пијат алкохол, а некои групи жители пијат и до 10 пијачки во една вечер.

Светската здравствена организација (СЗО), проценува дека 2,3 милијарди луѓе ширум светот „тековно пијат“, што значи дека се редовни консументи на алкохол. Тоа е речиси 30% од светското население. Интересно е тоа што и Европа има најголема потрошувачка на алкохол по глава на жител од сите континенти во светот, според СЗО.

Топ 10 нации кои најмногу консумираат алкохол:

Кукови Острови (12,97 литри годишно по глава на жител)
Латвија (12,90)
Чешка (12,73)
Литванија (11,93)
Австрија (11,90)
Антигва и Барбуда (11,88)
Естонија (11,65)
Франција (11,44)
Бугарија (11, 18)
Словенија (11,05)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон: Европа мора да покаже дека не…

Европа мора да покаже дека не е…

Европски систем за правда и целосен ветинг…

Клучна определба во новиот мандат на СДСМ…

Шолц: Војната во Украина би можело да…

„Никој не може да каже дали оваа…

Орбан: Западот е на чекор од испраќање…

Западот е на прагот да испрати војници…

Цената на природниот гас во Европа достигна…

Цената на природниот гас во Европа достигна…