Македонците од Албанија му ја доделија на Г.Г. Стефан почесната награда “Илинден”

t

По повод 14-годишнината од формирањето, раководството на македонското друштво „Илинден“ – Тирана донесе одлука за доделување на наградата „Илинден“ и благодарници на поединци и институции.

-И оваа година беа предложени повеќе институции и поединци, но од предложените беа избрани оние кои со својот ангажман најмногу придонеле за подобрување и дисперзија на сознанијата за животот, историјата, културата и зачувување на автентичната македонска традиција на македонското население во Албанија – изјави за МИА Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Годинава добитник на наградата „Илинден“ е архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, поглавар на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Почесната награда „Илинден“ беше востановена на одбележувањето на јубилејот, десет години од формирањето на друштвото, и тогаш му беше доделена на епископ г. Партениј Антаниски, игумен на Бигорскиот манастир.

-Благодарници се доделуваат на Адам Аргинов од Сиднеј, Австралија, поддржувач на нашето друштво, потоа на Кристо Мазнику, поранешен претседател на Македонска алијанса за европска интеграција за Тирана и поранешен претседател на огранокот за Тирана на политичкото друштво „Мир“ и активист на македонско национално малциство во Република Албанија со потекло од областа Голо Брдо, Јован Попи – активист на Македонците во Република Албанија со потекло од Ербеле, областа Поле, Маќелара, околија Пешкопеја, како и Ивзи Абази, македонски активист во Мало Острени област Голо Брдо – рече Ѓурѓај.

Од името на друштвото, тој им ги честита наградата и благодарниците на добитниците за 2023 година со надеж дека тие ќе послужат како поттик за натамошен ангажман на наградените во нивната досегашна определба да работат во интерес на вистината за животот и ангажманите на Македонците во Република Албанија.

Македонското друштво „Илинден“ е формирано на 6 февруари 2009 година и регистрирано во Основниот суд во Тирана, со цел заштита и афирмација на етничкиот, јазичен, културен, верски, историски идентитет на Македонците во Република Албанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов рекорд за албанскиот туризам: 1,7 милиони…

Премиерот на Албанија, Еди Рама преку објава…

Се очекува да ја престигнеме Србија: Македонија…

Македонија е втора земја во регионот според…

Албанија во топ 10 земји со најголем…

Албанија е меѓу земјите со најбрзо растечка…

Македонците како посебен народ во учебниците во…

МАКЕДОНЦИТЕ КАКО ПОСЕБЕН НАРОД ВО УЧЕБНИЦИТЕ ВО…

Приоритет на НАТО во Албанија: Премин во…

Од Канцеларијата на НАТО во Брисел во…