Македонците од Пирин: За власта никогаш сме немале вредност, би нè дале и за беспари, вели Стојко Стојков

t

Македонците во Бугарија го поздравуваат барањето на Обединетите нации преку Канцеларијата за човекови права да побара нивната матична земја да признае постоењето на македонско малцинство.

Оттаму велат дека е крајно време некој да и предочи на Бугарија дека мора да ги почитува правата на граѓаните кои не се чуствуваат за Бугари и да им овозможи слободно да ги практикуваат своите образовни и национални права.

Но, нашинците од Бугарија се разочарани од односот на актуелната власт која најпрво со Договорот со Грција а потоа и со тој за пријателство со Софија практично се откажа од грижата за македонското малцинство во соседните земји.

Владата се интересира само од влегување во Европа по секоја цена. За властите ние никогаш не сме имале некоја вредност, така што сме евтини, нешто што тие би го дале и беспари-вели за „Pressing TV“ Стојко Стојков од Омо Илинден-Пирин.

Овој извештај забележува дека Владата на Бугарија „негира постоење на етничко македонското малцинство“, тврдејќи дека припадниците на оваа заедница се всушност етнички Бугари.

Во него се вели и дека „македонскиот јазик не се признава, ниту се учи во училиштата и Македонците не се застапени во Националниот совет за соработка на етничките и интегративните прашања“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Аксиос“: Трамп разгледува нов напад врз Иран,…

Белата куќа побарала од Пентагон и од…

Надлежните одржаа координативен состанок за решавање на…

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,…

Мицкоски: Македонија е на иста маса со…

Премиерот Христијан Мицкоски даде изјава од Берлин,…

Дете претепано во тоалет од основно училиште

На 18.11.2026 во 23:10 часот во СВР…

Инстант лоз „Фрути“ – овошен спектар со…

Инстант лозот „Фрути“, на Државна лотарија, на…