Македонците од Србија бараат од Силјановска да ја поништи одлуката за Сребреница

t

Претседателот на партијата Македонци во Србија, Горан Илијевски, испрати писмо до новата претседателка на Северна Македонија, Гордана Силјановски Давков, да се огради од „непромислената“ одлука на министерот за надворешни работи Бујар Османи и со тоа да ја поништи одлука за прогласување геноцид во Сребреница.

Пред гласањето за Резолуцијата на 2 мај, Османи изјави дека Северна Македонија е еден од коспонзорите на Резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница. Илијевски во писмото наведува дека одлуката на Османи е „приватна“ и дека е донесена надвор од македонските институции.

„Ова им наштетува на односите со Србија и македонската национална заедница во Србија, која е составен дел на српскиот народ. Бараме итен одговор пред седницата на ОН и нови инструкции до нашиот амбасадор во ОН“, вели Илијевски во писмото.

Шефот на Мисијата на БиХ во ОН, Златко Лагумџија, на 2 мај потврди дека е договорен конечниот предлог за резолуцијата за геноцидот во Сребреница. Договорениот текст на Резолуцијата за Сребреница го прогласува 11 јули за Меѓународен ден на сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница во 1995 година, кој ќе се слави секоја година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети: Македонските, албанските и српските криминалци соработуваат,…

Криминалот не познава етнички граници, додека политичарите…

ПРЕКИН НА КЛУЧЕН ПОДМОРСКИ ИНТЕРНЕТ-КАБЕЛ: Пакистан се…

Сериозни нарушувања во интернет-комуникациите се пријавени во…

Се запалиле бандери за електрична енергија во…

Скопските пожарникари вечерва имале полни раце работа.…

Горело патничко возило, ЦУК се огласи за…

Пожар избувнал вечерва во подземниот паркинг на…

ГОЛЕМ ПРЕКИН НА ИНТЕРНЕТОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Проблеми…

Голем прекин на интернет-услугите вечерва, 18 ноември,…