Македонците потрошиле 427 милиони евра за онлајн купување од странство
Македонските граѓани во 2025 година потрошиле 427,8 милиони евра за онлајн купување од странство. Податоците на Народната банка покажуваат раст на вредноста од 50 отсто во споредба со претходната година. Најмногу средства се слеваат кон Ирска и Холандија каде се регистрирани седиштата на глобалните платформи. Доминираат трошоци за патувања и дигитални услуги додека просечната трансакција бележи пад во однос на 2024 година.
Ирска и Холандија се главни дестинации за македонските пари
Најголема вредност на е-трансакциите е остварена во Ирска во износ од 92,1 милиони евра. Оваа земја бележи раст од 173 отсто во вредноста на трансакциите во однос на претходната година. Претседателката на Асоцијацијата за е-трговија, д-р Нина Ангеловска Станков, појаснува дека таму се лоцирани европските операции на компании како Amazon, Google и Meta. Веднаш по неа е Холандија со 62,4 милиони евра како центар за Booking.com и логистичките хабови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Седум начини како може да заработите преку…
Со развојот на технологија практично се „создадоа“…
Второто полугодие може да продолжи онлајн
На денешниот состанок Комисијата за заразни болести…