Македонците се стремат кон слободен живот, одделен од Бугарите и против санстефанска Бугарија, а за автономна Македонија!

t

Григор Начович, министер и дипломат на Бугарија, 1903г: МАКЕДОНЦИТЕ СЕ СТРЕМАТ КОН СЛОБОДЕН ЖИВОТ, ОДДЕЛЕН ОД БУГАРИТЕ И КНЕЖЕВСТВОТО…Македонците се ПРОТИВ санстефанска Бугарија…Тие сакаат МАКЕДОНСКА АВТОНОМИЈА…ќе продолжат со своите атентати…Направете реформи, дајте им една татковина…(Осум квиз прашања)

По Григор Начович (1845-1920) е крстена улица во Софија. И не е случајно. Школуван во Свиштов, француско училиште во Константинопол (Истанбул), трговска академија во Виена, виша во Париз, освен што бил трговец во Виена, живел и во Белград…тој бил голем бугарски патриот и револуционер пред и во време на ослободувањето на Бугарија од страна на Русија во Руско-турската војна (1876-1878) а потоа во повеќе наврати министер за надворешни работи и министер за финасии, а бил и министер за внатрешни работи, министер за трговија и земјоделие, партиски лидер, дипломат во Букурешт, Виена и што ли уште не. Повеќе за него во вчерашниот статус:

📸 Look at this post on Facebook https://www.facebook.com/share/p/hZiZ2FknH7Kdcpzr/?mibextid=WC7FNe

Одкако сето тоа го поминал, од 1903 до 1906 година бил дипломатски представник во Константинопол (Истанбул). Со целиот свој габарит, целото свое искуство и познавање на политичките состојби во Бугарија и Македонија, тој во 1903 година кажал:

„Македонците се стремат кон слободен живот, одделен од Бугарите и Кнежевството. Како што ние станавме против Русите и сме против нивните завојувачки планови така и Македонците се против санстефанска Бугарија. Тие сакаат македонска автономија… Каква полза ќе има Портата од војна со Бугарија? Македонците и по војната пак си остануваат Македонци. И по војната тие ќе продолжат со своите атентати во вилаетите со уште поголема сила. Дури и да допуштиме дека господството на султанот ќе се поврати засекогаш до Дунав, Македонците пак ќе креваат свои востанија… Дали не е подобро да ги задоволите Македонците?… Направете реформи, дајте им една татковина, а тие тогаш ќе се оддалечат од Австрија и ќе станат наши и ваши пријатели, добри патриоти, готови да ја пролеат својата крв против Австрија, дури и против Бугарија”.

А сега 8 квиз прашања за размислување особено за оние кои тврдат дека министерот и дипломат на Бугарија и докажан бугарски револуционер, интелектуалец и патриот Григор Начович и многу други, Македонците ги ословувале така само територијално, а не и национално:

1.И овде ли ги нарекувал Македонците територијално, а не како народ со различно национално самочувство од бугарскиот?

2. Има ли логика Македонците да сакаат да се стремат кон “СЛОБОДЕН ЖИВОТ”, како што вели тој, “одделен од Бугарија и Кнежевството”, ако и тие се чувствувале Бугари, а министерот и дипломат на Бугарија ги нарекува Македонци само во територјална смисла?

3.Како тоа Македонците се чувствувале Бугари ама биле против Санстефанска Бугарија, како што вели министерот? Бугари против голема Бугарија?! Глупави ли биле Бугарите територијално наречени “Макеоднци” што биле против санстефанска Бугарија или министерот и дипломат лажел кога ова го велел?

4.“Дајте им татковина на Македонците…и тие ќе бидат готови да ја пролеат својата крв против Австрија, дури и против Бугарија.”

Што Бугари биле тие “Македонци по територија” спремни на вакво нешто против својот народ?

А да не се чувствувале различно од Бугарите?

5. Што вели тој, кој кревале востанија, Бугарите (во Македонија), или Македонците?

Ем вели Македонците кревале востание, ем сакале слободен живот надвор од Кнежевството Бугарија. Како така?

6. Како тоа Тито ја создал насила државата и нацијата во 1944 година а министерот и дипломат на Бугарија 40 години порано кажува дека Македонците кревале востанија, сакале автономија и слободен живот надвор од Бугарија, че продолжеле со атентати и биле спремни да удрат и на Бугарија за таа цел?

Некои чудни Бугари биле Македонците во 1903 година, зар не?

7. А чуден е и министерот и дипломат, плус и поранешен револуционер и борец за Бугарија, патриот, кој не бара обединување на Бугарите од Македонија туку вели: “Дали не е подобро да ги задоволите Македонците?… Направете реформи, дајте им една татковина…”

8. Дали има логика Бугарите да ги нарекува етнички а Македонците територијално во една иста реченица како оваа: “МАКЕДОНЦИТЕ СЕ СТРЕМАТ КОН СЛОБОДЕН ЖИВОТ, ОДДЕЛЕН ОД БУГАРИТЕ и Кнежевството..”?

Цитатот превземен од Македонци милениумски сведоштва за одентитетското име, Бранислав Светозаревиќ Покорни;

Ѓорѓиев, В. ВМРО 1893-1903: Поглед низ документи. Скопје, 2013: 403, 404, 408.

(Фото: Григор Начивич и фотографии Константинопол, денешен Истанбул, од 1903 година)

*Фејсбук објава на поранешниот премиер Никола Груевски- ЛИНК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хилари Клинтон ќе ја посети Бугарија во…

Хилари Клинтон доаѓа на специјален состанок на…

1.325.900 луѓе во Бугарија живеат под прагот…

Во 2023 година, вкупната линија на сиромаштија…

(Фото+видео) Мицкоски на средба со бугарски мафијаш:…

QUO VADIS Мицкоски? (Или „Каде одиш Мицкоски“…

Каква трагедија: Најголемиот „борец“ за права на…

Само како трагедија може да се оквалфикува…

(Видео) Јакимовски: ЕУ да најде начин како…

Претпоследно прашање пред влез во ЕУ ќе…