Македонците со седум медали се враќаат од Плазма спортските игри

t

Во својата прва сезона на меѓународната завршница на Плазма Спортските игри за млади, која се одржува во Сплит, македонските репрезентативци освоија седум медали – три сребрени и четири бронзени.

Годинава Македонија за првпат се приклучи кон големото семејство на Плазма Спортските игри за млади, заедно со Хрватска, Србија, Словенија и Босна и Херцеговина.

Првиот медал за нашата држава го освои Наум Насковски од Куманово, кој се закити со бронзен медал во трката на 60 метри во категоријата 2015 година.

Медал освои и екипата на „Ролинг“ од Струмица, која го освои третото место во баскет 3х3.

На шаховскиот турнир, Илијана Велева од Свети Николе освои сребрен медал, додека во машка конкуренција Давид Атанасовски од Гази Баба исто така се закити со сребро.

Во пинг-понг, Јован Пармачки од Берово го освои второто место во машка конкуренција и заслужено се закити со сребрен медал. Бронзени медали освоија Мартин Ристевски од Прилеп, кој заврши на третото место во машка конкуренција, и Бојана Јовевска од Пехчево, која го освои третото место во женска конкуренција.

Вредно е да се напомене дека Томи Јакимовски доби признание за фер-плеј на тенискиот турнир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ристовски: Кога македонски спортист постигнува успех,…

Големите спортски достигнувања не се само лични…

Матеј Белистојаноски со прво злато за Македонија…

Македонскиот каратист Матеј Белистојаноски оствари огромен успех…

Силјановска-Давкова во Таранто со поддршка за најбројната…

Македонија настапува со 88 спортисти во 19…

Македонија со европско сребро, Ана Бергер со…

Македонија е европски вицешампион во параглајдинг, а…

Македонците со седум медали се враќаат од…

Во својата прва сезона на меѓународната завршница…