Македонци од Леринско повикани во полиција по пеењето македонски песни на Илинден

t

Македонци од Леринско и Воденско во Грција добиваат полициски повици за да дадат исказ во истрага поврзана со пеење македонски песни на прославата на Илинден во селото Овчарани, познато и како Мелити. Случајот се однесува на пријава поднесена по прославата одржана на 19 јули, според грегоријанскиот календар.

Информацијата ја објави Македонското движење за промоција на мајчиниот јазик „Крсте Мисирков“, од каде што наведуваат дека пријавата опфаќа 15 лица и две организации. Според движењето, дел од повиканите се истражуваат за можно кривично дело.

Од организацијата ги повикаа сите што добиле полициски повик да ги известат преку нивната страница на социјалната мрежа Фејсбук. Повикувањето во полиција го оценуваат како обид за заплашување на Македонците во Грција кои јавно го зборуваат македонскиот јазик и ги пеат македонските песни.

Од „Крсте Мисирков“ посочуваат дека по завршувањето на претходната истрага, јавниот обвинител ќе одлучи дали има основа за поведување формална кривична постапка или предметот ќе биде архивиран поради недостиг на докази.

Случајот претходно го објавија и дел од грчките медиуми. Според нивните информации, двајца грчки граѓани доставиле видеоснимка од прославата до Обвинителството во Лерин, барајќи да се испита дали има кривична или друга одговорност кај лицата што се гледаат како пеат.

Особено спорна за подносителите на пријавата била песната „Александар, цар македонски“, во изведба на музичката група ангажирана за прославата. Според наводите во пријавата, дел од стиховите ја искривувале историјата и поттикнувале поделби. Биле оспорени и гестови на присутните, за кои подносителите сметаат дека можат да се толкуваат како повик за отцепување на грчка Македонија.

Песната ја има снимено македонската пејачка Сузана Спасовска.

Обвинителството во Лерин засега нема јавно соопштено детали за предметот. За случајот претходно се огласи и леринскиот митрополит Иринеј, кој ја осуди прославата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонци од Леринско повикани во полиција по…

Македонци од Леринско и Воденско во Грција…

Кина купила злато вредно 3,1 милијарди долари:…

Кина продолжува со стратегијата за акумулирање злато…

Трамп: Погрешно ме разбраа кога реков дека…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговите…

САД директно ќе пренесуваат стрелање на војник…

Пентагон најави телевизиски пренос „во живо“ од…

Со алабнско знаме во раце ги запирал…

СВР Скопје презеде мерки против возач кој…