Македон му кажал на Пендаровски: Сакам да станам претседател и да ја направам Македонија богата и сите да ја сакаат

t

Македон Димитриевски, детето генијалец, ученик во второ одделение во ОУ ,,Лирија” Тетово, за кого пошироката јавност слушна откако освои златен медал на натпреварот „Математика без граници”, во конкуренција на 4000 учесници од 22 земји од светот, на средбата со претседателот Стево Пендаровски пред неколку дена, ги насмеал и расположил сите со својата искреност.

Како што раскажува неговиот татко Владимир за ,,Фокус”, за време на средбата со Пендаровски, тој бил запознат со успесите и интересите на Македон, а кога претседателот го прашал што сака да биде во иднина, без многу двоумење му одговорил – Сакам да станам претседател како вас, да ја направам Македонија поубава, побогата, и сите да ја сакаат!

Инаку, Македон е дете со коефициент на интелигенција 134. За неговото знаење од областа на математиката, астрономијата, географијата и познавањето на странски јазици се периодов пишуваше многу.

Неговите родители се горди на генијалноста која ја поседува на свои седум години. Научил да чита и пишува на две години, но математиката му била омилена и на три години знаел без помагало да пресметува трицифрени броеви, квадратен корен, синуси…

Околу тоа како го добил името Македон, кое не е многу често, неговиот татко вели дека уште кога се родил, без двоумење решиле дека тоа е името кое ќе му го дадат.

-Тој е крстен по татко ми кој исто се вика Македон и е роден во Егејска Македонија. Неговиот татко, а мој дедо, дури морал да бега преку граница бидејќи му го дал тоа име! Кога се роди нашиот Македон, немаше двоумење како да се вика – раскажува Димитриевски.

Семејството е гордо на успесите на Македон, за кој велат дека како и неговите врсници, сака да се дружи и освен во математиката, ужива и во времето минато со другарчињата.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗЛАТНО ДЕТЕ! Македон повторно се закити со…

Учествува на семинари за македонски јазик и…

Обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието на…

Претседателот Стево Пендаровски, утре, 19 декември 2023…

Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…

Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…

Дискусија за заедничко дејствување против климатските промени…

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати…

Евроамбасадорот Гир му го презентира Извештајот на…

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска му го презентира…