Макрадули за објавите на Шилегов: Таквите изјави не му помагаат на СДСМ
Јани Макрадули од СДСМ во „Дејли Клик“ на ТВ21 ги коментираше објавите на екс градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов кој испрати жестоки критики кон партијата.
Макрадули кажа дека таквите тези не помагаат на партијата во овој момент.
„За разлика од мене, Шилегов е дел од структурите последни на СДСМ како дел од извршниот одбор, каде што претпоставувам дека имало простор тие теми да се зборуваат. Таквите изјави не помагаат во овој момент, за дебата секако сум за, за широки и долги дебати и за размена на дебати, но социјалните мрежи не треба да биде место каде што ќе се каже нешто што не е добро за хомогеноста на партијата. Не треба да правиме поделба, напротив СДСМ е партија која е присутна низ целата држава“, рече Макрадули.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Личните документи ќе ги имаме на мобилен…
Мобилната апликација м.Услуги (m.Uslugi), е национална дигитална…
ТРАМП: Голем број руски рафинерии се надвор…
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно повика на…
Европа подготвува црвена линија кон Москва: Што…
Европските министри за надворешни работи ќе се…
Европа се соочува со огромен недостиг од…
Европската енергетска криза може да добие нова…
Иран се „дави“ во пари: Од нафта…
Иран бележи значителен раст на приходите од…