Објавено на:

Макрон бара Техеран веднаш да престане со поддршката за Русија

t

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го повика својот ирански колега Ебрахим Раиси веднаш да престане да ја поддржува Русија во војната во Украина со испорака на беспилотни летала, соопшти Елисејската палата.

Во телефонскиот разговор со Раиси, Макрон предупреди на сериозни последици, безбедносни и хуманитарни, кои би можеле да ги предизвикаат иранските испораки на беспилотни летала за Русија.

Францускиот претседател го повика Техеран „веднаш да ја прекине поддршката што ја дава за руската агресивна војна против Украина“.

Белата куќа во петокот соопшти дека Русија „добива материјали од Иран за да изгради фабрика за беспилотни летала“ на нејзина територија и дека локацијата „би можела целосно да биде оперативна на почетокот на следната година“.

САД проценуваат дека Русија добила „стотици“ ирански нападни беспилотни летала до мај и ја обвинуваат дека неодамна ги користела за „напад на Киев и тероризирање на украинското население“, соопшти Белата куќа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…

„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…

Вучиќ: Никогаш не сакавме да воведеме санкции…

Српската напредна странка денеска ја слави својата…

Украина ја очекува уште една сурова зима,…

Шефицата за надворешна политика на Европската Унија,…

„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…

Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…

И Македонија ќе треба да излезе од…

Русија ќе се обиде да ја искористи…