Макрон: Варварската држава падна, конечно, му оддавам почит на сирискиот народ за нивната храброст и трпение
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја поздрави веста за паѓањето на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, наведувајќи дека конечно „паднала варварската држава“.
Макрон на платформата Икс напиша дека Франција ќе остане посветена на безбедноста на сите народи на Блискиот Исток.
„Варварската држава падна. Конечно. Му оддавам почит на сирискиот народ за нивната храброст, за трпението. Во овој момент на неизвесност, им посакувам мир, слобода и единство“, наведе Макрон. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Контрола во угостителски објект во Охрид, затекнати…
На 28 ноември 2026 година, во 00;30…
Ужас: Најмалку 30 мртви во армиски напад…
Најмалку 30 лица беа убиени во напад…
Нетанјаху е спремен да му ја предаде…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека е…
Од 10 до 15 декември Скопје ќе…
Скопје ќе биде новогодишно украсено во периодот…
Забрана за тешки товарни возила на Стража…
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила…