Објавено на:

Макрон: Воените сили на Европа треба да се вклучат во мировните операции во Украина

t

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави во Вашингтон дека европските воени сили во иднина треба да се вклучат во мировните операции во Украина.

„Ѝ е потребна силна армија на Украина и мораме да ѝ помогнеме со сили на терен. Ќе бидат потребни мировни мисии кои сојузниците се подготвени да ги обезбедат“, истакна Макрон.

Ова не е првпат тој да ја изнесе оваа идеја, но досега таа не довела до конкретни чекори или распоредувања.

Макрон додаде дека Доналд Трамп би бил подготвен да воведе секундарни санкции и царини против Москва „доколку Русија одбие соработка“. Тој потсети дека Трамп веќе има воведено царини за Индија поради купување руска енергија.

Францускиот лидер нагласи дека не е убеден оти Русија е заинтересирана за мир, додавајќи дека европските лидери му порачале на Трамп дека постигнувањето мировен договор не може да се одложува со недели или месеци

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…

Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…

Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…

Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…

АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…

Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…