Макрон: Војната во Израел би можела да трае десет години
Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика израелските власти „попрецизно да ги дефинираат“ крајните цели на војната со Хамас, бидејќи наведената цел за целосно елиминирање на палестинската милитантна група може да доведе до повеќегодишен конфликт.
Реакцијата на Макрон дојде откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во саботата вети дека ќе ја продолжи копнената офанзива во Газа до целосно „уништување на Хамас“.
Говорејќи на прес-конференција на маргините на климатската конференција на ОН COP28 во Дубаи, Макрон праша дали „некој мисли дека е можно“ да се уништи Хамас.
„Ако тоа е целта, војната ќе трае 10 години“, тврди тој.
„Не може да има долгорочна безбедност за Израел во регионот ако таа безбедност дојде по цена на животите на Палестинците, што влијае на јавното мислење во регионот“, продолжи тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Се проверува авион од Израел на аеродромот…
Авион од Израел слетал во Софија и…
Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…
Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…
Десет американски воени транспортни авиони пристигнаа во…
Десет транспортни авиони на американските воздухопловни сили…
Израелските избори без јасен победник: Нетанјаху и…
Излезните анкети од парламентарните избори во Израел…