Макрон во потрага по консензус за нов премиер на Франција
Претседателот на Франција, Емануел Макрон ги повика лидерите на партиите од двата дома на францускиот парламент на разговори на 23 август со цел избор на нов премиер на земјата, се наведува во соопштение од претседателската канцеларија.
По неуспешниот исход на предвремените избори на 7 јули, каде не беше формирано јасно мнозинство во парламентот, а центристичката коалиција на Макрон доживеа пораз, владата на Габриел Атал продолжи привремено да ја управува Франција за време на Олимписките игри во Париз.
Макрон се надеваше дека ќе назначи нов премиер до средината на август, но засега го игнорира кандидатот кој го предложи левичарската коалиција „Нов народен фронт“, која ги доби изборите.
„Целта на средбите наредниот петок со лидерите на партиите е да се формира што е можно пошироко и постабилно мнозинство кое ќе и служи на земјата“, стои во изјавата на кабинетот на Макрон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српскиот динар продолжува да паѓа: Најниска вредност…
Српскиот динар продолжува да ја губи вредноста…
Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната…
Полициска акција во Куманово, неофицијално се истражува…
Засилено полициско присуство е забележано утрово на…
Сопственик на фирма за технички преглед на…
Управител на друштво за технички прегледи на…
ДЕСЕТМИНА ПРИВЕДЕНИ ВО СРБИЈА: Осомничени дека со…
Српското Министерство за внатрешни работи спроведе акција…