Макрон го услови отворањето француска амбасада во Палестина со ослободување на заложниците

t

Планираното признавање на Палестина од страна на Франција нема да вклучува отворање амбасада сè додека палестинското движење Хамас не ги ослободи заложниците што ги држи во Газа, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

Тој во интервју за американската телевизија Си-Би-Ес изјави рече дека ослободувањето на заложниците е „јасен услов пред да биде отворена амбасада“.

Макрон, исто така, се изјасни против какви било планови за раселување на Палестинците од Газа, додавајќи дека земји како Франција и САД не можат да си дозволат нивниот авторитет на меѓународната сцена да биде поткопан со одобрување на таков развој на настаните.

Се очекува Франција официјално да ја признае независноста на Палестина утре на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк.

Независноста на палестинската држава ја поддржуваат 150 земји во светот, на кои денеска им се придружија Велика Британија, Канада и Австралија.

Овој потег предизвика силно негодување од Израел, кој е под интензивен меѓународен притисок поради војната против Хамас во Газа и тешката хуманитарна ситуација во опколената енклава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон го услови отворањето француска амбасада во…

Планираното признавање на Палестина од страна на…

Приведен Русин во Скопје откако агресивно се…

На 20.09.2025 околу 01:45 часот во Скопје,…

Левица: Мерко ги остави стружани без вода…

Поради неодговорното работење на локалните власти, застарената…

Израел го отфрла признавањето на Палестина, министерот…

Десничарскиот израелски министер за национална безбедност, Итамар…

СДСМ: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје…

Бербата на винското грозје е при крај…