Макрон го услови отворањето француска амбасада во Палестина со ослободување на заложниците
Планираното признавање на Палестина од страна на Франција нема да вклучува отворање амбасада сè додека палестинското движење Хамас не ги ослободи заложниците што ги држи во Газа, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.
Тој во интервју за американската телевизија Си-Би-Ес изјави рече дека ослободувањето на заложниците е „јасен услов пред да биде отворена амбасада“.
Макрон, исто така, се изјасни против какви било планови за раселување на Палестинците од Газа, додавајќи дека земји како Франција и САД не можат да си дозволат нивниот авторитет на меѓународната сцена да биде поткопан со одобрување на таков развој на настаните.
Се очекува Франција официјално да ја признае независноста на Палестина утре на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк.
Независноста на палестинската држава ја поддржуваат 150 земји во светот, на кои денеска им се придружија Велика Британија, Канада и Австралија.
Овој потег предизвика силно негодување од Израел, кој е под интензивен меѓународен притисок поради војната против Хамас во Газа и тешката хуманитарна ситуација во опколената енклава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
18+ видеа од познати жени објавени во…
Албанската полиција истражува скандал поврзан со интимни…
Епидемијата на чума во Сибир излегува од…
Ситуацијата со епидемијата на чума во рускиот…
САД ги повлекоа сите Б-1 бомбардери од…
Соединетите Американски Држави ги повлекоа сите бомбардери…
Се затовра ли уште еден теснец: Експлозии…
Повеќе експлозии биле забележани во непосредна близина…
Наводи за нов напад врз саудискиот нафтовод…
Се појавија непотврдени информации за нов напад…