Макрон не назначи премиер на Франција
Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва нема да назначи премиер, изјави близок пријател на Макрон без да даде нов рок, пренесува Ле Монд.
-Одиме напред. Критериумите на претседателот остануваат „нецензура“, односно гаранција дека идната влада нема веднаш да биде отфрлена во многу поделеното Национално собрание, рекол блискиот пријател на шефот на француската држава.
Француските медиуми претходно јавија дека Макрон вечерва најверојатно ќе соопшти кој ќе биде новиот премиер на Франција.
Според француските медиуми, најголеми шанси да биде нов премиер во моментов има Гзавије Бертран од Републиканската партија. За назначувањето на идниот премиер Макрон разговараше со претседателот на Сенатот, Жерар Ларше, шефот на пратеничката група на републиканската десница Лоран Вокиер и шефот на републиканската група во Сенатот, Бруно Ретајо.
Поранешниот премиер Бернар Казнев и Тиери Боде беа наведени од медиумите како потенцијални кандидати за премиер. Под притисок на опозицијата што поскоро да назначи нов премиер, францускиот претседател во Елисејската палата се сретна со неговите претходници Франсоа Оланд и Никола Саркози, како и со Казнев. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Москва тврди дека погодила трговски брод во…
Руските вооружени сили попладнево продолжија со координирани…
Силно невреме во Италија, жена загина во…
Невремето што од вчера ја погодува Италија…
Врнежи, ветер и заладување за време на…
Под влијание на циклонска активност за време…
Гоцевски: На Борис Трајковски му извршија атентат
Поранешниот министер за одбрана Трајан Гоцевски изнесе…
(Видео) Четворица мажи избодени среде Лондон, полицијата…
Четворица мажи биле избодени денеска попладне во…
