Објавено на:

Макрон не се откажува, уште е можен договор меѓу Скопје и Софија

t

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, чија земја претседава со ЕУ до крајот на месецов, сѐ уште се надева дека е можен договор меѓу Скопје и Софија за преговарачката рамка, јави дописничката на МИА од Брисел.

-Блиску сме до договор кој овозможува правда за бугарските барања и е компатибилен со тоа што Северна Македонија може да го направи, потребно е видливост и доверба, во следните часови ќе има гласање на бугарскиот Парламент, ќе гледаме кон бугарскиот претседател и партиите од сегашното мнозинство, опозициските партии, рече Макрон, и додаде дека со „Северномакедонците” во следните часови ќе разгледува начин да се склучи договорот, за до идната недела да помине на амбасадорско ниво и да се деблокира процесот, изјави францускиот претседател Макрон.

Тој ја поздрави храброста на некои лидери на Македонија како Зоран Заев, кој го смени Уставот и името на државата.

-Една земја членка со задоцнување побара промени, рече Макрон за Бугарија, но додаде дека ЕУ не може да се преправа дека тие не постојат и истакна дека има политичка криза во Бугарија. Тој го пофали и бугарскиот премиер Кирил Петков за неговата политичка храброст.

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска го одби предлогот на Франција за преговарачката рамка и рече дека само договор кој ги почитува црвените линии на државата може да биде прифатен. Тие црвени линии се меѓу другото јазикот, историјата, и промената на Уставот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нападите со дронови во Црното Море го…

Шест бродови се откажале од пристигнување во…

И од Бугарија бегаат криминалци: Двајца обвинети…

Двајца мажи со германски пасоши, осомничени за…

(Видео) „Бугарија е заробена држава од руските…

Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев, четворица поранешни…

Бугарскиот министер за одбрана: Побаравме од НАТО…

Интензитетот на нападите во Црното Море се…

(Видео) Голем протест во Софија по хибридните…

Стотици луѓе протестираа во четвртокот вечерта во…