Макрон обвинет дека е “двоен играч”: Зошто само Турција да преговара со Русија?
Според францускиот претседател, Емануел Макрон, војната во Украина ќе трае долго.
Макрон денеска изјави дека е за продолжување на дијалогот со Русија за да се спречи ескалација на конфликтот во Украина, но во исто време вети безрезервна поддршка на Киев. Тој вели дека Франција ќе продолжи да го поддржува Киев на економски, воен и хуманитарен план. Според Макрон, клучот е во европското единство.
„Франција ќе продолжи да разговара со Русија. Кој сака Турција да биде единствената сила во светот која продолжува да разговара со Русија?“, праша Макрон.
Сепак вели дека за преговори за мир може да си одлучи само Украина.
Инаку, многу политичари го обвинија Макрон дека игра двојна улога. Германија исто како и Франција најави дека ќе продолжи со поддршка на Украина, но сметаат дека војната може да трае до идното лето.
Франција беше една од трите земји заедно со Германија и Унгарија која беше против целосно укинување на визи за руските граѓани во ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…
Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…
И Македонија ќе треба да излезе од…
Русија ќе се обиде да ја искористи…
НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: РУСИЈА ПОГОДИ…
Руските вооружени сили погодиле брод за насипни…
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…
Зголемен број на случаи на мали сипаници…
Од почетокот на оваа година во Турција…