Макрон од Пекинг: Европа не смее да се одвои од Кина
Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна во посета на Пекинг и изјави дека разговорот со Кина е од суштинско значење и дека не смее да ѝ се дозволи на Русија да води ексклузивен дијалог со Кинезите. Европа не смее да се одвои од Кина, иако трговските односи со Пекинг се неурамнотежени и претставуваат ризик, рече Макрон. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен со Макрон ќе ја посети Кина.
Емануел Макрон пристигна во Пекинг во официјална посета на Кина, при што ќе разговара со претседателот Си Џинпинг.
На почетокот на посетата Макрон рече дека Кина може да игра улога во војната во Украина, поради блиските односи меѓу Пекинг и Москва.
Францускиот претседател е во посета на Кина до 7 април, објави Кинеското меѓународно радио.
Ова е трета посета на Макрон на Кина откако стана претседател на Франција и прва по неговиот втор претседателски мандат.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен исто така ќе ја посети Кина со Макрон, објави Ројтерс.
Пред неговото патување во Кина, Макрон разговараше со американскиот претседател Џозеф Бајден за обидот да го ангажира кинескиот претседател да го забрза крајот на војната во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се урна воен авион во североисточна Франција
Воен авион се урна во вторникот доцна…
Марин Ле Пен профитира од хаосот на…
Откако избувнаа немири во градовите низ Франција…
(Видео) Европа во пламен! Еве каде сѐ…
Протести поради растот на трошоците за живот,…
Кинеската економија порасна за 4,5% благодарение на…
Кинеската економија во периодот јули–септември пораснала за…
Франција денес очекува 140.000 демонстранти
Меѓу 70.000 и 140.000 луѓе се очекуваат…