Макрон оцени дека Украина не може воено да ги врати териториите окупирани од Кремљ
Францускиот претседател Емануел Макрон оцени дека безбедноста и интересите на Франција и Европа се загрозени поради војната во Украина и дека ситуацијата е загрижувачка. Неколку часа по долгата средба со лидерите на партиите и парламентарните групи во францускиот парламент, Макрон синоќа помина повеќе од еден час на социјалните мрежи одговарајќи на прашања за војната во Украина и руската закана за Европа, како и за европската безбедност.
Макрон оцени дека Украина „не може воено да ги врати териториите окупирани од Кремљ“ и повика на траен мир кој на Украина ќе ѝ обезбеди стабилност и безбедносни гаранции, како и мир во кој ќе учествуваат Украинците, јави денеска телевизијата БФМ. Францускиот претседател потсети дека војната трае веќе три години, оценувајќи дека тоа е „пораз за Русија“ и дека „Украина пружила неверојатен отпор“.
Тој предупреди дека Русија го зголемила своето вооружување и ја интензивирала соработката со Иран и дека со поканување на севернокорејски војници во редовите на својата армија, ја „глобализирала војната во Украина“.
Макрон ги повика Европејците да ги засилат воените напори и да инвестираат уште повеќе, преку француски и европски фондови.
„Ќе мораме да ги преиспитаме нашите буџетски одлуки“, посочи тој и додаде дека ќе биде неопходно да се зајакне кибербезбедноста на социјалните мрежи.
Макрон нагласи дека Франција нема намера да испрати борци во Украина, туку да испрати сили кои ќе гарантираат мир веднаш штом ќе се постигне и потпише.
„Целта на Елисејската палата е да ја гарантира безбедноста на Украина“, нагласи тој, додавајќи дека за тоа е разговарано со Британците и со други земји, иако, истакна, е рано да се откриваат детали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американските…
Мерц откри кој би можеч да ја…
Пет земји би можеле да ја претставуваат…
Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…
Средба на претставници на САД, Русија, Украина…
Украина и Русија договорија голема размена на…
Украина и Русија начелно се договориле за…
„Киев Пост“: Украина го одбила американскиот план…
Украина го отфрли американскиот предлог за прекројување…