Макрон: Потребна е силна акција доколку Русија продолжи со напади во Украина
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги осуди новите смртоносни напади на Русија во Украина и повика на „силни акции“ доколку Москва продолжи да „го отфрла мирот“.
Тие руски напади мора да престанат. Потребен е прекин на огнот што е можно поскоро. И силна акција доколку Русија продолжи да бара да добие време и да го отфрли мирот, напиша Макрон на социјалната мрежа Х, без да прецизира за каква акција ќе се работи.
Европејците би можеле да воведат дополнителни санкции за да го задржат притисокот врз Русија и да ја охрабрат да започне мировни преговори.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека бројот на руски воздушни напади против неговата земја „се зголемува“ и дека притисокот врз Русија се уште е недоволен.
Конкретно, Украина бара поголеми економски санкции, кои Русија се обидува да ги ублажи.
Додека пред речиси еден месец Украина го прифати предлогот на претседателот на САД Доналд Трамп за целосен и безусловен прекин на огнот за 30 дена и ние работиме со сите наши партнери на начини да обезбедиме мир, Русија ја продолжува војната со нов интензитет, не обрнувајќи внимание на цивилите, рече Макрон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Инфлацијата во еврозоната достигна 4%, енергијата поскапе…
Инфлацијата во еврозоната во октомври достигнала 4%…
Напредок во Реформската агенда, уставните измени остануваат…
Европската комисија денеска го усвои Пакетот за…
Извештај припишан на Си-би-ес: Трамп размислува за…
Американскиот претседател Доналд Трамп размислува за смена…
Хакерски напад врз француската „Креди Мутуел Аркеа“,…
Француската банкарска група „Креди Мутуел Аркеа“ потврди…
Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на работната…