Макрон се надева дека Белград и Приштина ќе постигнат договор
Францускиот претседател Емануел Макрон изрази надеж дека Белград и Приштина ќе постигнат договор и ја отфрли можноста за повторување на конфликтот во Косово, пренесува Газета експрес.
Макрон пред студентите во Лозана зборуваше за ситуацијата на Балканот, како и за тензиите на Косово.
„Тензиите сега малку се смирија“, рече Макрон и рече дека се надева оти лидерите на Косово и Србија ќе го прифатат подготвениот план што помага да се деескалира ситуацијата и да се постигне договор.
Тој го изрази својот страв од етничко-верски конфликти кои се развиваат во различни региони во светот.
„Загрижен сум за овие делови, но не се плашам од обновување на конфликтот во Косово“, заклучи тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија дала над 110.000 евра на здруженија…
Од 2023 година, Управата за дијаспора на…
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…