Објавено на:

Макрон се фрли на задача да го задржи фудбалерот на ПСЖ Килијан Mбапе да остане во Париз

t

Францускиот претседател, покрај сите обврски, инфлацијата и војната во Украина се фрли на задача да го задржи фудбалерот на ПСЖ Килијан Ембапе да остане во Париз и да не заминува во Реал Мадрид. Макрон уверува дека ќе даде се од себе за да го задржи напаѓачот на Пари Сен Жермен на „Паркот на принцовите“.

Нејмар веќе некое време е избркан од клубот од навивачите на Пари Сен Жермен, Лионел Меси замина летово… Ако Килијан Ембапе замине следното лето, Лигата 1 нема да има вистинска ѕвезда, доволно голема за да биде нејзино промотивно лице . Нема сомнеж дека тоа би било голема загуба не само за парискиот клуб, туку и за целиот француски фудбал и престиж и затоа во „мисијата Ембапе“ се приклучи и претседателот на државата, Емануел Макрон. Повторно.

Не е тајна дека Макрон имаше улога во убедувањето на Ембапе да остане во Париз и пред две години, на крајот на краиштата, не долго откако Пари Сен Жермен го официјализираше продолжувањето на договорот со Килијан минатата сезона, првиот човек на земјата призна дека „го советувал да остане во Франција“. Сега кога се најави замнувањето, Макрон е подготвен повторно да се зафати за да му помогне на шампионот на Франција.

апрашан од навивач на Пари Сен Жермен додека се пробиваше низ толпата, Макрон веднаш рече дека „не знае што се случува со Ембапе“, но дека „ќе се потруди да го убеди да остане“.

Да потсетиме, Ембапе во понеделникот вечерта ги извести челниците на Пари Сен Жермен за одлуката да не ја користат опцијата за продолжување на договорот до летото 2025 година. Неговата желба е да го одигра остатокот од сезоната, но тоа не му се допаѓа на клубот, бидејќи тогаш ќе го загуби за една година без обештетување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пополека ја губиме војната, има уште неколку…

Украина се чини дека полека ја губи…

Биткоинот повторно отиде над 80.000 долари

Биткоинот скокна над 80.000 долари во вторник,…

Андоновски: Нема да дозволиме матни тендери по…

СДСМ и Венко Филипче ќе бидат против…

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини,…

Сите мини во меѓународните води на Ормуска…

Почина Доли Партон, кралицата на кантри музикат

Легендарната американска пејачка и авторка Доли Партон…