Објавено на:

Макрон со голема мисла: Борбата против Хамас мора да биде без милост, но не и без правила

t

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Ерусалим предложи формирање меѓународна коалиција против Хамас и изрази надеж за обновување на мировниот процес со Палестинците.

„Франција е подготвена меѓународната коалиција против ДАЕШ, како дел од која се ангажиравме за нашата операција во Ирак и Сирија, да се бори и против Хамас“, рече Макрон по билатералната средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, користејќи го арапското име за Исламската држава.

„Им предлагам на нашите меѓународни партнери да изградиме регионална и меѓународна коалиција за борба против терористичките групи кои ни се закануваат на сите нас“, рече тој.

„Тоа е во интерес на Израел и неговата безбедност, како и безбедноста на неколку ваши соседи кои се загрозени од истите тие групи или соседните групи. Борбата мора да биде без милост, но не и без правила, бидејќи ние сме демократии кои борба против терористите, демократии кои, според тоа, го почитуваат законот за војна и обезбедуваат пристап до хуманитарна помош“ на населението во Газа“ – додаде тој.

Со оглед на многу тензичната ситуација на границата со Либан, Макрон ги повика и „Хезболах, иранскиот режим и Хутите во Јемен“ да „не преземаат несовесен ризик да отвораат нови фронтови“.

Тој, исто така, повика „сите да обрнат внимание на акциите на поединци против палестинските цивили чие насилство се заканува да прошири оган и на Западниот Брег“.

По нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, Макрон ја изрази својата солидарност со израелскиот народ, велејќи дека поради 30 загинати француски граѓани и девет заложници или исчезнати лица, тој напад е „црна страница“ во француската историја.

Но, „палестинското прашање мора да се слушне со разум“, нагласи тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…

Албанските државјани веќе седум години се најбројната…

Хрватска го проширува системот за рано откривање…

Системот за видео надзор за рано откривање…

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…

Во рамките на работната посета на Израел,…