Објавено на:

Макрон ја обвини Ле Пен: Кампањата на противниците е расистичка

t

Францускиот претседател Емануел Макрон ја обвини својата екстремно десничарска противкандидатка Марин Ле Пен дека ги лаже гласачите за нејзината „расистичка“ платформа, додека јазот во поддршката од гласачите за двата политички ривали сè повеќе се намалува, пренесува Ројтерс.

Се чини дека трката се сведува на двајцата финалисти на изборите во 2017 година. Додека Макрон, кој влезе во трката како јасен фаворит, се чини дека го губи водството во последните анкети, а кандидатката на екстремната десница Ле Пен продолжува со нејзиниот нагорен тренд.

Макрон досега се држеше подалеку од каква било директна дебата, а засега се што имаа да си префрлат, двата кандидати тоа го правеа од далеку. Но денес тоа се промени.

„Постоеше јасна стратегија (од таборот на Ле Пен) да се скрие она што е брутално во нејзината програма“, изјави Макрон за Le Parisien.

„Нејзините основи не се променети: тоа е расистичка програма која има за цел да го подели општеството и е многу брутална“ додаде тој.

Ле Пен изјави за радиото Франсинфо дека е „шокирана“ од обвинението, кое го отфрлила, нарекувајќи го претседателот „фебрилен“ и „агресивен“.

Таа рече дека нејзината програма, која вклучува додавање на принципот „национален приоритет“ во францускиот устав, нема да ги дискриминира луѓето врз основа на нивното потекло – се додека имаат француски пасош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон: Украина да не се радува премногу…

Францускиот претседател рече дека за време на…

Макрон е подготвен да го обнови дијалогот…

Доколку претседателот Путин има сериозни предлози и…

Макрон: Масовна копнена операција во Газа би…

Францускиот престедател Емануел Макрон изјави дека било…

Средба Макрон – Херцог во Ерусалим

Ние сме посветени да ги надминеме, и…

Макрон со свиткана опашка си заминува од…

По пучот во Нигер, воената хунта на…