Макрон ја обвини Русија дека е една од последните колонијални царски сили
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја обвини Русија дека е „една од последните колонијални царски сили“ откако започна „територијална војна“ во Украина.
– Русија започна офанзива против Украина, тоа е територијална војна за која се мислеше дека е исчезната од тлото на Европа. Тоа е војна од почетокот на 20 век, дури и 19 век. Зборувам на континентот Африка кој претрпе колонијални империјализми, рече Макрон пред новинарите во Бенин, каде што е во посета.
По средбата со претседателот на Бенин, Патрис Талон, Макрон рече дека „Русија е една од последните колонијални царски сили“ бидејќи решила да ги брани сопствените интереси со инвазија на соседна земја.
Францускиот претседател, кој е на турнеја низ африканските земји, рече дека Русија започнала „нов вид хибридна светска војна“.
– Русија одлучи дека информациите, енергијата и храната се воени инструменти во служба на империјалистичката војна против Украина, рече Макрон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски се надева дека резултатите од американските…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…
Евромбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот…
Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис…
Иран објави информација за три опожарени бродови…
Два танкера и реморкер се опожарени во…
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…