Објавено на:

Макрон ја поздрави одлуката на Бајден да се повлече од претседателската трка

t

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска испрати писмо до американскиот претседател Џозеф Бајден во кое му честита за храброста и одговорноста за неговата одлука да се повлече од изборната трка.

Без да го предвиди исходот од ноемвриските избори, Макрон изрази надеж за зачувување на историските односи меѓу двете земји.

Ја ценам храброста, духот на одговорност и чувството за должност што ве доведоа до оваа одлука, вели францускиот претседател во писмото, чии делови објави Елисејската палата.

Бајден (81) вчера се повлече од претседателската трка, под притисок од стравувањата во партијата дека по исклучително лошиот ТВ дуел со републиканскиот кандидат Доналд Трамп, нема да може да го победи на изборите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ разговараше со Макрон: Србија е посветена…

Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше телефонски со…

Макрон: ЕУ не го искористи својот пазар…

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Европската…

Бајден им врачува медали на Хилари Клинтон,…

Хилари Клинтон, Џорџ Сорос и актерот и…

Франција има нова влада по неколкунеделната политичка…

Претседателот Емануел Макрон именуваше нова влада предводена…

Илјадници протестираа низ Франција откако Макрон ги…

Илјадници демонстранти излегоа на улиците низ Франција,…