Макрон ќе се слушне со Путин по завршувањето на самитот на Г-20

t

По завршувањето на самитот на Г-20, францускиот претседател Емануел Макрон планира да му се јави на рускиот претседател Владимир Путин, јавија француските меидуми, повикувајќи се на Елисејската палата.

„Макрон ќе продолжи да разговара со Путин и ќе му се јави по самитот на Г20“, јавија медиумите цитирајќи ја изјавата на претставник на администрацијата на Макрон.

Како што пренесуваат медиумите од Париз, Макрон има намера да му каже на кинескиот претседател Си Џинпинг за време на самитот на Г20 дека е во интерес на Кина да влијае врз Русија да се врати на преговорите и да го почитува меѓународното право.

Самитот на Г-20 утре и задутре ќе се одржува на Бали, а Русија на овој собир на највисоко ниво ќе ја претставува шефот на дипломатијата Сергеј Лавров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Турција е единствената што може директно…

Турција е единствената што може директно да…

Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…

Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…

Путин го разреши заменик шефот на неговата…

Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј…

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…

Трамп побара од ЕУ да го притисне…

Американскиот претседател Доналд Трамп побарал од Европската…