Објавено на:

„МАКСИМАЛНА НАГРАДА ЗА СЕКОЈ УБИЕН ВОЈНИК НА НАТО“: Медведев шокираше со својот предлог

t

Русија не треба да ги држи како затвореници војниците на НАТО кои ќе бидат пронајдени во Украина, туку треба да постои награда за секој убиен НАТО војник, смета порашениот руски претседател Дмитриј Медведев.

„Постои само едно правило за овие вошки од странство – нема затвореници! Тие, за разлика од несреќните Украинци, не беа принудени да војуваат. И мора да има максимална награда за секој убиен, разнесен или запален борец на НАТО“, напиша тој на Икс.

Медведев се осврна и на можноста НАТО да распореди трупи во Западна Украина за да „одржуваат и организираат обука“.

„Тие се крајно дрски ѕверови кои го земаат целиот свет за будали“, напиша Медведев и истакна дека сите сили на НАТО во Украина ќе се сметаат за дел од редовната армија што се бори против Русија.

„Затоа тие можат да се третираат само како непријатели; и не само непријатели, туку како елитни одреди, СС-луѓе на Хитлер“, додава тој во објавата.

Додека заканите на Медведев се сметаат за обична реторика и пропаганда во Западниот свет, Бизнис Инсајдер пишува дека зборовите на овој поранешен руски претседател и висок соработник на Путин не треба да се игнорираат.

Лидерите на НАТО неодамна ја отфрлија идејата на францускиот претседател Емануел Макрон кој изјави дека останува отворен дури и за можноста за испраќање француски трупи во Украина.

Исто така, има индиции за помало присуство на НАТО во Украина. На почетокот на 2023 година протекоа доверливи документи од Пентагон, во кои се вели дека во Украина во еден момент биле испратени околу сто оперативци на НАТО, меѓу кои и 14 припадници на американските специјални сили. Американците и НАТО во неколку наврати го демантираа тоа.

Не помогна тоа што полскиот министер за надворешни работи Радек Сикорски тврдеше дека војниците на НАТО се „веќе присутни во Украина“, но не кажа колку се распоредени или за каква цел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трогателна исповед на родителите на девојче-жртва на…

Мара Анѓелковиќ, која прекрасно црташе и ја…

Уапсени 40 припадници на Исламска држава во…

Повеќе од 40 лица се приведени во…

Ископана е човечка коска во дворот на…

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека…

Повеќе од два милиони несреќи при работа…

Во 2021 година, ЕУ забележа повеќе од…

Судири во Истанбул меѓу полицијата и демонстрантите…

Турската полиција интервенираше за да спречи групи…