Малинен за Калас: „Збогум, воена вештерка“
Професорот од Универзитетот во Хелсинки, Туомас Малинен, ја нарече можната замена на шефицата на дипломатијата на ЕУ, Каја Калас, најдобра вест од ЕУ.
„Најдобрата вест од ЕУ во последно време. Збогум, воена вештерка!“, напиша тој на социјалните мрежи.
Фајненшл тајмс вчера објави, повикувајќи се на високи функционери, дека земјите од ЕУ размислуваат за целосна реорганизација на дипломатската служба на ЕУ поради незадоволство од работењето на нејзиниот шеф. Според весникот, сојузниците разгледуваат неколку опции. Една е да и се одземат овластувањата на Калас и да се стави телото под контрола на Европската комисија и земјите-членки. Друга е да се ограничи автономијата на шефот на дипломатската служба. Калас постојано е предмет на потсмев од експерти ширум светот поради нејзините провокативни изјави и историски неточни коментари, пренесуваат медиумите. Шпанскиот весник „Паис“ напиша дека Калас станала дел од она што може да се смета за најлошото управување во Брисел во последните неколку децении. Весникот забележал дека таа била премногу опседната со Русија, што влијаело на нејзината позиција по други прашања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Малинен за Калас: „Збогум, воена вештерка“
Професорот од Универзитетот во Хелсинки, Туомас Малинен,…
Драматичен пад на поддршката: Независните гласачи сè…
Независните гласачи во САД стануваат сè понезадоволни…
Курти: Путин ја користи Србија во конфронтацијата…
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека српскиот…
Грк без македонско потекло сам го научи…
„Раскинување на договорот“ е дебитантска двојазична стихозбирка…
Трамп: Протечените информации за договорот со Иран…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…