Малинка Ристевска-Јорданова: Македонците беа надгласани, доведени се во прашање уставните темели на државата!

t

Поранешната директорка и актуелен член на Управниот одбор на Институтот за европска политика (ЕПИ), Малинка Ристевска-Јорданова, во реакција за гласањето на заклучоците за францускиот предлог, оценува дека денеска во Собранието биле надгласани пратениците етнички Македонци.

Според неа, доведени се во прашање и уставните темели на државата.

Мнозинството во македонскиот парламент ги надгласа пратениците етнички Македонци за францускиот предлог, кој ги наметнува идентитетските прашања што ги бара Бугарија. Опасен преседан, поддржан од Европската Унија, веќе ги доведува во прашање темелите на македонскиот уставен систем и поттикнува долгорочна криза, вели Ристевска-Јорданова во реакција објавена на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ