Мали: Вучиќ ја напушти ВМА, тој нема да се предаде
Српскиот вицепремиер и министер за финансии Синиша Мали во гостување во „Дневник“ на РТС откри што се случило кога на претседателот Александар Вучиќ ненадејно му се слошило во САД.
Мали, кој беше со Вучиќ за време на неговата посета на САД, откри дека Вучиќ ја напуштил Воено медицинската академија пред 17 часот.
– Разговаравме и ми рече дека се чувствува подобро. Тој и јас не се согласуваме за тоа што се случи. Долго време се подготвувавме за таа средба за неформален разговор со Трамп. Одеднаш се почувствува лошо. Тешко ми е да зборувам за тоа. Ова е четврти пат како му се случува нешто вакво. Тој нема да се предаде и не се сомневам во неговото брзо закрепнување – рече Мали, додавајќи дека Вучиќ ќе се обрати на јавноста кога ќе има сила.
Мали нагласи дека е повреден од коментарите во врска со здравствената состојба на Вучиќ.
– Не можам да ви кажам дали ќе оди во Москва. Тој даде збор и претпоставувам дека ќе го одржи – рече министерот.
Мали откри и детали од разговорот со Вучиќ.
– Ми се јави пред еден час и ми рече дека треба да продолжиме со турнејата низ Србија. Му реков да се одмори. Тој не може да се смири кога е во прашање Србија – рече Мали.
Претседателот Вучиќ, за потсетување, денес беше примен во Военомедицинската академија откако почувствува силна болка во градите за време на посетата на САД. Откако добил медицинска помош, Вучиќ решил да ја заврши својата посета и се вратил во Белград со авион.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп не се помирува со поразот: Објави…
Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по…
Мицкоски од Диселдорф: Македонија 15 години не…
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија веќе…
Во Солун уапсен маж кој се барал…
Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж,…
Клековски најави формирање комисија за случајот со…
Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…