МАЛКУ Е НЕРВОЗЕН, МУ ИСТЕКУВА МАНДАТОТ! Захарова објасни зошто Зеленски попушта околу преговорите со Русија
Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, коментирајќи ги изјавите на Владимир Зеленски за преговори со Русија без да се земат предвид границите од 1991 година, посочи дека е нервозен бидејќи наскоро му истекува мандатот.
Претседателските избори во Украина требаше да се одржат на 31 март 2024 година, но се откажаа поради вонредната состојба и општата мобилизација.
Самиот Зеленски изјави дека сега „не е вистинското време за избори“.
Поранешниот украински премиер Микола Азаров рече дека овластувањата на Зеленски ќе истечат на 21 март.
– Нервозен е. Му претстојат избори. Или е нешто друго – изјави Захарова за РИА Новости.
Зеленски за првпат рече дека мировните преговори меѓу Москва и Киев може да почнат без враќање на Украина на границите од 1991 година. Сега тој зборува за границите на Украина во 2022 година.
Киев претходно изјави дека почетокот на мировните преговори е невозможен додека руските војници не ја напуштат територијата на Украина во границите од 1991 година.
Сега, во интервју за CBS News, Зеленски рече дека преговорите ќе бидат возможни доколку Украина успее да ги достигне своите граници во 2022 година пред почетокот на специјалната воена операција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МОН на Меѓународниот ден на младите: Партнерскиот…
Младите се двигател на општествениот развој, а…
Германски метеоролог со црни прогнози за Европа:…
Климатологот Андреас Јегер предупредува дека овa лето…
На денешен ден пред 36 години свечено…
Пред 36 години, на 12 август 1990…
Трамп: САД имаат целосна контрола врз Ормутскиот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…
Лажен полицаец 18 месеци работел заедно со…
Извештајот на словенечкото Министерство за внатрешни работи…