Малолетник без возачка прегазил пешак во Битола

t

Седумнаесетгодишник од Битола е лишен од слобода откако со патничко возило „даеву тико“ удрил во 42-годишен пешак на улицата „Козјак“ во Битола, при што пешакот се здобил со тешки телесни повреди.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, настанот бил пријавен на 13 февруари 2026 година во 18:35 часот во Секторот за внатрешни работи Битола. Возилото со битолски регистарски ознаки го управувал 17-годишник од Битола, кој удрил во пешакот Е.К. (42), исто така од Битола.

Повредениот бил пренесен во Клиничката болница во Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

На местото на несреќата извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола, а по дополнителни проверки било утврдено дека малолетникот управувал со возилото пред да се стекне со право на управување со моторно возило. По насоки од јавен обвинител, тој е лишен од слобода, а возилото е одземено.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утре без вода делови од Маџари и…

Поради изведување приклучок на водоводна мрежа со…

Шасивари: Втора шанса за Изборниот законик –…

Министерот за правда, Јетон Шасивари заедно со…

Рама го брани проектот поврзан со семејството…

Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека…

Две и пол години затвор за вработената…

Тројца обвинети во предметот за фалсификување возачки…

Мицкоски: Пуштен е во употреба студентскиот дом…

Пуштен е во употреба студентскиот дом „Стив…