Малолетник нападнат во училишниот двор, насилникот навредувал повеќе деца

t

Жител на село Долгаш, општина Центар Жупа, без посебна причина физички нападнал малолетник во училишниот двор во селото, каде детето играло со своите другарчиња.

-Вчера во 12:30 часот во Одделението за внатрешни работи во Дебар е пријавено дека Ф.И.(66) од селото Долгаш, општина Центар Жупа, на игралиште во селото, физички нападнал малолетно лице. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Според очевидци, Ф.И. без никаква посебна причина физички го нападнал детето кое со свои другарчиња играло на игралиштето во училиштниот двор, кое е подрачно училиште на ООУ„Неџати Зекерија“ село Коџаџик.

Освен тоа насилникот викал и ги навредувал и останатите деца. Тој денеска е повикан во полициска станица и по консултација со јавен обвинител ќе му биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп го номинира Михаил Богачек за нов…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше…

Флора Кадриу е нова претседателка на Комисијата…

Флора Кадриу е избрана за нова претседателка…

Протече вознемирувачко видео од смртта на претепаниот…

На социјалните мрежи се појави целосната снимка…

Пронајдени наркотични материи и вага во возило…

Различни видови сомнителни наркотични материи биле пронајдени…

„Киев Пост“: Украина го одбила американскиот план…

Украина го отфрли американскиот предлог за прекројување…