Малолетници боделе со ножеви на концертот на ДУИ кај „Скендер Бег“, тројца повредени

t

Тројца малолетници се уапсени, а три лица, од кои еден малолетник завршиле во болница за време на концертот организиран од ДУИ по повод 20 години од формирање на партијата.

-На 03.06.2022 во Полициската станица Бит Пазар биле приведени три малолетни лица, од кои двајца од Арачиново на возраст од 15 и 16 години и едно лице на возраст од 17 години од Скопје. Тројцата на плоштадот „Скендербег” во Скопје околу 23.00 часот, каде се одржувал јавен собир организиран од политичката партија, пред завршување на настанот, го нарушиле јавниот ред и мир со физичката пресметка со друга група на лица, а биле употребени и остри предмети, велат од МВР

Во Градската општа болница “Свети Наум Охридски” биле донесени со повреди од остар предмет 15 годишник од с.Арачиново, Г.С. (20) од с.Танушевци и А.Н.(20) од с.Брест.

Од малолетниците кои биле приведени биле одземени два ножа.

По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…