Малолетничка жртва на маж од тетовско: Полово ја вознемирувал, барал секс и ја уценувал – ова се деталите
На 01.10.2024 во 14:10 часот во с.Церово, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода И.С.(29) од с.Церово.
Тој бил пријавен од малолетничка од Тетово дека на социјални мрежи креирал неколку профили на нејзино име на кои поставил слики од малолетничката, кои без нејзина дозвола ги одзел од нејзиниот профил од една социјална мрежа, а потоа од неа барал да имаат сексуални односи доколку сака да бидат избришани профилите.
И.С. е задржан во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава, а денеска ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Инфлацијата во октомври 3,3 проценти на годишно…
Најновите податоци на Државниот завод за статистика…
22-годишник од Дебарско пријавен за вонбрачен живот…
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против С.Ц.(22)…
Експлозија во стан во Аеродром!
На 09.11.2026 во 04:50 часот во СВР…
Арсовски нов директор на МКЦ, Шаќири станува…
Поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски е…
На ГАК годишно се раѓаат од 600…
Ноември е месец посветен на предвремено родените…