МАЛОЛЕТНИ УЧЕНИЦИ ОД АЕРОДРОМ НАПАДНАТИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ! Поголема група ги нападнала со метални и дрвени предмети!
Малолетни деца од основно училите од Аеродром биле нападнати од поголема група на лица, дознава Инфомакс. Се работи за ученици од основното училиште „Браќа Миладиновци“ од Аеродром. Учениците биле на еднодневна екскурзија, каде наставниците уште пред да се случат инцидентите забележале дека има опасност од немири, по што ја известиле директорката на училиштето, која побарала наставниците да ги вратат децата во училиштето порано од планираното.
Од МВР за Инфомакс го потврдија настанот.
– На 27.09.2024 во 15.30 часот во ПС ОН Ѓорче Петров, И.К. и Ј.Г. пријавиле дека нивните малолетни деца, додека биле на екскурзија во РСЦ Сарај организирана од основно училиште од Скопје, биле физички нападнати од повеќе лица, кои употребиле и дрвени и метални предмети. Според пријавеното, кога учителките на децата реагирале, напаѓачите им се заканиле и заминале. Полициски службеници од СВР Скопје преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Како што дознаваме има повредени ученици, а родители денеска биле во полициска станица за да дадат изјава за случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Птица заглавена во моторот спречи авион да…
Повеќе од 150 патници синоќа останаа заглавени…
(Видео) Напад на бомбаш-самоубиец, најмалку 14 загинати…
Најмалку 14 лица, меѓу кои и полицајци,…
(Видео) Вандализам во Аеродром: Млади луѓе кршат…
Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески објави…
(Видео) Нападнат е Иран, одекнуваат експлозии во…
Израел започна воздушни напади врз централен и…
Деветмина загинати во израелски воздушен напад над…
Во денешните израелските воздушни напади врз јужен…