Мал битолски Монмартр го одби Министерството за култура: Срамен и понижувачки предлог од министер кој доаѓа од Битола!

t

Управниот одбор на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола под чија капа е „Мал битолски Монмартр“ ја отфрли понудата на Министерството за култура да го преземе фунцкионирањето на светскиот бренд, а со предлогот велат дека се чувстуваат понижени. Не сакаат политичко обојување на проблемот со кој се соочува Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола и преку социјалните мрежи соопштуваат дека Управниот одбор донел одлука со која се прифаќа финансиската поддршка за плата и трошоци до крајот на годината понудена од страна на Општина Битола

Минисерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, вчера објави дека министерството за култура го презема функционирањето на „Мал Битолски Монмартр“. Преходно, на социјалните медиуми беше објавен апел за спас на „Мал битолски Монмартр“, по одлуката на министерството за образование дека по 40 години, да ги стопира финансиските средствата за Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола, а со тоа и култниот светски бренд „Мал Битолски Монмартр“.

Управниот одбор на Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола донесе едногласна Одлука со која децидно ја одбива понудата на Министерката за култура – Бисера Костадиновска Стојчевска која ја смета за несериозна и навредлива. Управниот одбор смета дека е несериозно светскиот бренд „Мал битолски Монмартр” да стане дел од Центарот за култура Битола како национална установа, а Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола да продолжи со аплицирање кон проекти. Тоа е крадење на мала врата на трудот и вредностите кои Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола ги стекнало низ 41 година. Тоа е срамен предлог а не решение на кое треба да помисли министер кој доаѓа од Битола. Ние со предлогот се чуствувамe понижени, велат од Детското ликовно студиот „Свети Кирил и Методиј“.

Во нашата установа право да обојуваат имаат само децата – се друго е политичко профитерство за ефтини партиски поени!, велат од УО.

Министерството за образование и наука 3О години даваше поддршка на Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола во форма на три параметри (една плата за технички секретар – електрична енергија и телефонски трошоци) по што вчера реши да ја прекине поддршката.
Министерот Јетон Шаќири синоќа не повика на Состанок во Скопје, но бидејќи немаше конкретна понуда, присуството на истиот го одбивме, велат од УО.

Оттаму додават дека Управниот одбор делегира работно тело кое итно ќе оствари средба со Градоначалникот на Општината и Советот на Општина Битола.

Во меѓувреме, ќе бидат отворени просториите на Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола за финансиска и логистичка поддршка од граѓаните – општествено одговорните компании и претставниците на Дипломатско конзуларните претставништва на странски земји во Македонија од О9:3O до 17 часот секој ден; редовно ќе се одржуват бесплатни часови по ликовна едукација на засега пријавени 5О ученици за учебната 2О22/2О23 година со почеток од 1О септември 2O22 година; реализирање на активности за средби и информирање на нашите партнери од цел свет – УНЕСКО – ОН како и организации за нега и заштита на детското сликарство за обидот за затворање на Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола и згаснување на “Малиот Битолски Монмартр”.

Управниот одбор на Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола најавува прес конференција за средствата за јавно информирање за петок, 26 август 2О22 со почеток во 11 часот на вториот кат (Национална детска ликовна галерија “Монмартр”).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски до СДСМ: Попаметно е пред избори…

НЕ Е ПАМЕТНО СДСМ ПРЕД ИЗБОРИ ДА…

Покана за промоција на Монографијата посветена на…

Неодамна излезе од печат Монографијата посветена на…

Министерство за култура: Скандалозно е како досегашната…

Министерството за култура тврди дека директорката на…

Актерот Симонов добитник на престижната награда „Ристо…

Жири-комисијата на 31. Меѓународниот фестивал на камерен…

Драган Мијалковски синоќа го отвори „Карпошово културно…

Легендарниот Драган Мијалковски, со своите безвременски хитови,…