Објавено на:

Мамдани, дури и по успешната средба со Трамп, верува дека американскиот претседател е фашист

t

Новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Зорхан Мамдани (34), денес одговори потврдно на прашањето дали сè уште верува дека американскиот претседател Доналд Трамп е „фашист“, и покрај неформалната средба со него во Белата куќа во петокот, по што Трамп го пофали, а двајцата изразија подготвеност за соработка, објави Нова.рс.

„Тоа е нешто што го кажав и претходно и го повторувам денес“, изјави неодамна избраниот градоначалник, член на опозициската Демократска партија и опишан како „демократски социјалист“, за Ен-би-си Њуз.

Во петокот во Овалната соба, кога еден новинар го праша Мамдани дали го смета американскиот претседател за фашист, Трамп го прекина својот гостин со насмевка, велејќи: „Во ред е, можете да го кажете… Полесно е отколку да објаснувате“.

„Го ценам тоа што во мојот разговор со претседателот не се двоумевме да разговараме за она за што не се согласувавме“, додаде Мандани за Ен-би-си.

„Средбата ја сметав за продуктивна и постојано се враќавме на централните теми на нашата кампања, а тоа се трошоците за домување, трошоците за грижа за деца, трошоците за намирници, трошоците за комунални услуги“ во Њујорк, рече градоначалникот, кој беше избран на 4 ноември и ќе ја преземе функцијата на 1 јануари 2026 година.

Откако се закани дека ќе го намали федералното финансирање за Њујорк и ќе ја испрати Националната гарда ако победи „комунистот“ Зохран Мамдани, Доналд Трамп во петокот вети дека ќе му помогне во неговата работа.

„Колку е поуспешен тој (Мамдани), толку ќе бидам посреќен“, рече претседателот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…

САД им се заканија на Германија и…

Владата на САД ги предупреди Германија и…

Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…

Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…

Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…