Манасиевски: Мекотелните политики на Филипче и СДС и даваат на Бугарија можност да ги продолжат политиките на негирање на македонскиот идентитет
Мекотелните политики на Филипче и СДС и даваат на Бугарија можност да ги продолжат политиките на негирање на македонскиот идентитет, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.
Филипче и СДС немаат против ние да бидеме „северномакедонци’’, напротив тие ја потврдуваат и шират оваа терминологија, заедно со нивната теза дека уставните измени се последниот чекор за влез во ЕУ. Би сакал да ги потсетиме Филипче и СДС, дека промената на државно име беше последниот чекор за влез во ЕУ, па потоа беше промената на знамето, па потпа промената на Уставот, за потоа повторно да го промениме името на државата, и сега да дојдеме до промена повторно во Уставот за додавање на Бугарите, и секако и ова е последниот чекор кој треба да го исполниме за да станеме ЕУ членка. Да не ги заборавиме и датумите за отпочнување на преговорите со ЕУ, кои менторот на Филипче, Зоран Заев неколку пати ги споделуваше во јавноста, за еве 5 години подоцна, поради тие нивни антидржавни политики да сме подалеку од ЕУ, отколку што бевме порано. Филипче и СДС треба да извлечат поука од минатото. Тоа е дека Македонија е единствената држава која најмногу страдала и направила најмногу отстапки за да влезе во европското семејство. Сите отстапки кои ги има државата направено се од времето на СДС, кога луѓе поранешни функционери поради лични интереси ја продавале државата. Тоа се истите оние луѓе кои глумат патриоти и говорат за истото, а зад затворени врати потпишуваат бланко листови и го продаваат македонскиот идентитет, истакна Манасиевски.
Затоа, Македонија не смее да потклекнува поради криминалното минато на ликови како Зоран Заев и Венко Филипче, кои за да се спасат од правдата и да дојдат на власт, државата би ја однеле во амбис, додаде Манасиевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Андоновска: Со години институциите пријавувале неправилности со…
Мали Фрчко не само да намали, туку…
ВМРО-ДПМНЕ: Заев од јахта диктира ниски цени…
Лицемерно е што СДСМ се вмешува во…
ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да му поднесе кривична…
Талогот на СДС повторно се појави. Овој…
Москва го пофали Радев
Москва забележува промена во реториката на Софија…
Дрон влегол во бугарскиот воздушен простор и…
Дрон влегол во воздушниот простор на Бугарија…