Марина Димовска го помина комисискиот филтер за генерален секретар на Собранието

t

Членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска дадоа поддршка Марина Димовска да биде избрана за генерален секретар на Собранието на Република Северна Македонија.

Димовска е дипломиран политиколог и магистер на економски науки од областа на меѓународна економија. Таа работи во Собранието од 2009 година.

За заменик генерален секретар на Собранието е предложен Никола Ѓошевски, кој е дипломиран правник и магистер по корпоративното право.

Предлозите Димовска и Ѓошевски треба да бидат изгласани на наредна седница на Собранието.

Во рамки на оваа седница на Комисијата беа утврдени и Предлог-одлуките за членови на делегациите на Собранието во Парламентарното собрание на Советот на Европа, во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, во Интерпарламентарната унија, во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива,во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација….

На дневен ред на оваа седница се и барањата за остварување на плата по престанок на функцијата министер во Влада на Република Северна Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…

Моторџија од Србија е тешко повреден во…

„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…

Дете од Дебар е тешко повредено во…

Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…

Се гради најголемата пловна населба во Европа!

Најголемата пловна населба во Европа наскоро би…

„Макрон секогаш сфаќа погрешно“ – Трамп го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална…